Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Индустрија


Индекси на прометот во индустријата, мај 2018 година

петок, 13 јули 2018


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата, вкупно, во мај 2018
година, во однос на мај 2017 година, изнесува 108.3.


Според главните индустриски групи, вкупниот промет во индустријата во мај 2018 година, во однос на мај 2017
година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 4.3 %, Капитални производи за 13.0 % и
Нетрајни производи за широка потрошувачка за 7.1 %, додека опаѓање бележи кај Tрајни производи за широка
потрошувачка за 3.1 %.


Индексот на прометот во индустријата, вкупно, во мај 2018 година, во однос на април 2018 година, изнесува 109.8,
додека во периодот јануари - мај 2018 година, во однос на периодот јануари - мај 2017 година, изнесува 110.2.


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата на домашниот пазар, во
мај 2018 година, во однос на мај 2017 година, изнесува 98.6.


Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на домашниот пазар во мај 2018 година, во однос на
мај 2017 година, бележи опаѓање кај Интермедијарни производи, освен енергија за 8.9 % и Tрајни производи за
широка потрошувачка за 0.1 %, додека пораст бележи кај Капитални производи за 8.0 % и Нетрајни производи за
широка потрошувачка за 3.9 %.


Индексот на прометот во индустријата на домашниот пазар, во мај 2018 година, во однос на април 2018 година,
изнесува 106.1, додека во периодот јануари - мај 2018 година, во однос на периодот јануари - мај 2017 година,
изнесува 102.1.


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата на странските пазари,
во мај 2018 година, во однос на мај 2017 година, изнесува 111.3.


Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на странските пазари во мај 2018 година, во однос на
мај 2017 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 9.3 %, Капитални производи за
13.4 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 9.1 %, додека опаѓање бележи кај Tрајни производи за
широка потрошувачка за 4.5 %.


Индексот на прометот во индустријата на странските пазари, во мај 2018 година, во однос на април 2018 година,
изнесува 111.5, додека во периодот јануари - мај 2018 година, во однос на периодот јануари - мај 2017 година,
изнесува 112.4.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика