Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата, вкупно, во април 2018
година, во однос на април 2017 година, изнесува 110.9.
Според главните индустриски групи, вкупниот промет во индустријата во април 2018 година, во однос на април 2017
година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 3.4 %, Капитални производи за 19.1 %,
Tрајни производи за широка потрошувачка за 8.2 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 8.9 %.
Индексот на прометот во индустријата, вкупно, во април 2018 година, во однос на март 2018 година, изнесува 92.9,
додека во периодот јануари – април 2018 година, во однос на периодот јануари – април 2017 година, изнесува
110.8.
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата на домашниот пазар, во
април 2018 година, во однос на април 2017 година, изнесува 98.3.
Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на домашниот пазар во април 2018 година, во однос на
април 2017 година, бележи опаѓање кај Интермедијарни производи, освен енергија за 8.0 % и Капитални производи
за 3.6 %, додека пораст бележи кај Tрајни производи за широка потрошувачка за 12.9 % и Нетрајни производи за
широка потрошувачка за 2.5 %.
Индексот на прометот во индустријата на домашниот пазар, во април 2018 година, во однос на март 2018 година,
изнесува 101.6, додека во периодот јануари – април 2018 година, во однос на периодот јануари – април 2017 година,
изнесува 102.1.
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата на странските пазари,
во април 2018 година, во однос на април 2017 година, изнесува 114.5.
Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на странските пазари во април 2018 година, во однос
на април 2017 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 6.3 %, Капитални производи
за 19.6 %, Tрајни производи за широка потрошувачка за 3.3 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за
13.8 %.
Индексот на прометот во индустријата на странските пазари, во април 2018 година, во однос на март 2018 година,
изнесува 90.1, додека во периодот јануари – април 2018 година, во однос на периодот јануари – април 2017 година,
изнесува 112.7.