Соопштението е од областа:
Индустрија
Индекси на прометот во индустријата, март 2018 година
вторник, 15 мај 2018
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата, вкупно, во март 2018 година, во однос на март 2017 година, изнесува 105.4. Според главните индустриски групи, вкупниот промет во индустријата во март 2018 година, во однос на март 2017 година, бележи пораст кај Капитални производи за 11.5 %, Tрајни производи за широка потрошувачка за 7.8 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 7.6 %, додека опаѓање бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија, за 4.4 %. Индексот на прометот во индустријата, вкупно, во март 2018 година, во однос на февруари 2018 година, изнесува 114.2, додека во периодот јануари - март 2018 година, во однос на периодот јануари - март 2017 година, изнесува 110.8. Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата на домашниот пазар, во март 2018 година, во однос на март 2017 година, изнесува 93.1. Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на домашниот пазар во март 2018 година, во однос на март 2017 година, бележи опаѓање кај Интермедијарни производи, освен енергија, за 19.1 % и Капитални производи за 13.5 %, додека пораст бележи кај Tрајни производи за широка потрошувачка за 24.1 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1.9 %. Индексот на прометот во индустријата на домашниот пазар, во март 2018 година, во однос на февруари 2018 година, изнесува 119.7, додека во периодот јануари - март 2018 година, во однос на периодот јануари - март 2017 година, изнесува 103.7. Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата на странските пазари, во март 2018 година, во однос на март 2017 година, изнесува 108.5. Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на странските пазари во март 2018 година, во однос на март 2017 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија, за 1.0 %, Капитални производи за 12.0 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 10.3 %, додека опаѓање бележи кај Tрајни производи за широка потрошувачка за 3.7 %. Индексот на прометот во индустријата на странските пазари, во март 2018 година, во однос на февруари 2018 година, изнесува 112.7, додека во периодот јануари - март 2018 година, во однос на периодот јануари - март 2017 година, изнесува 112.1.
Преземи го соопштението во целост
Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.
За подетални информации јавете на:
контакт тел:
+389 2 3295 666
е-пошта:
press@stat.gov.mk
|