Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата, вкупно, во јануари
2018 година, во однос на јануари 2017 година, изнесува 121.8.
Според главните индустриски групи, вкупниот промет во индустријата во јануари 2018 година, во однос на јануари
2017 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 41.1%, Капитални производи за 13.4%,
Tрајни производи за широка потрошувачка за 14.4% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 19.9%.
Индексот на прометот во индустријата, вкупно, во јануари 2018 година, во однос на декември 2017 година, изнесува
100.3.
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата на домашниот пазар, во
јануари 2018 година, во однос на јануари 2017 година, изнесува 127.0.
Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на домашниот пазар во јануари 2018 година, во однос на
јануари 2017 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 58.6 %, Капитални производи
за 135.9%, Tрајни производи за широка потрошувачка за 7.3% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за
9.3%.
Индексот на прометот во индустријата на домашниот пазар, во јануари 2018 година, во однос на декември 2017
година, изнесува 68.2.
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата на странските пазари,
во јануари 2018 година, во однос на јануари 2017 година, изнесува 120.1.
Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на странските пазари во јануари 2018 година, во
однос на јануари 2017 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 36.7%, Капитални
производи за 11.9%, Tрајни производи за широка потрошувачка за 10.7% и Нетрајни производи за широка
потрошувачка за 27.7%.
Индексот на прометот во индустријата на странските пазари, во јануари 2018 година, во однос на декември 2017
година, изнесува 113.6.