Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Индустрија


Индекси на прометот во индустријата, декември 2017 година

четврток, 15 февруари 2018


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата во декември 2017
година, во однос на декември 2016 година, изнесува 107.6.
Прометот во индустријата остварен на домашниот пазар во декември 2017, во однос на декември 2016 година,
бележи опаѓање од 7.9%, а прометот остварен на странски пазари бележи пораст од 12.8%.
Гледано по сектори, прометот во индустријата во секторот Рударство и вадење на камен во декември 2017 година,
во однос на декември 2016 година, бележи опаѓање од 16.3%, а во секторот Преработувачка индустрија бележи
пораст од 8.6%.
Според главните индустриски групи, прометот во декември 2017 година, во однос на декември 2016 година, бележи
пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 4.7%, Капитални производи за 16.4% и Tрајни производи
за широка потрошувачка за 20.3%, додека кај Нетрајни производи за широка потрошувачка е на исто ниво.
Индексот на прометот во индустријата во декември 2017 година, во однос на ноември 2017 година, изнесува 87.1,
додека во периодот јануари – декември 2017 година, во однос на периодот јануари – декември 2016 година, изнесува
106.4.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика