Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата во јули 2017
година, во однос на јули 2016 година, изнесува 97.5.
Прометот во индустријата остварен на домашниот пазар во јули 2017, во однос на јули 2016 година, бележи
опаѓање од 3.0%, а прометот остварен на странски пазари бележи опаѓање од 2.4%.
Гледано по сектори, прометот во индустријата во секторот Рударство и вадење камен во јули 2017 година,
во однос на јули 2016 година, бележи опаѓање од 11.2%, а во секторот Преработувачка индустрија бележи
опаѓање од 2.2%.
Според главните индустриски групи, прометот во јули 2017 година, во однос на јули 2016 година, бележи опаѓање
кај Капитални производи за 0.7% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 11.3%, додека пораст
бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 3.6% и Tрајни производи за широка потрошувачка
за 6.4%.
Индексот на прометот во индустријата во јули 2017 година, во однос на јуни 2017 година, изнесува 90.9, додека
во периодот јануари-јули 2017 година, во однос на периодот јануари-јули 2016 година, изнесува 107.4.