Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Индустрија


Индекси на прометот во индустријата, мај 2017 година

петок, 14 јули 2017


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата во мај 2017
година, во однос на мај 2016 година, изнесува 113.1.


Прометот во индустријата остварен на домашниот пазар во мај 2017, во однос на мај 2016 година, бележи
пораст од 4.1%, а прометот остварен на странски пазари бележи пораст од 15.3%.


Гледано по сектори, прометот во индустријата во секторот Рударство и вадење на камен во мај 2017 година,
во однос на мај 2016 година, бележи пораст од 99.5%, а во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст
од 11.4%.


Според главните индустриски групи, прометот во мај 2017 година, во однос на мај 2016 година, бележи пораст
кај Интермедијарни производи, освен енергија за 15.3%, Капитални производи за 14.8%, Tрајни производи
за широка потрошувачка за 2.9% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 7.3%.


Индексот на прометот во индустријата во мај 2017 година, во однос на април 2017 година, изнесува 113.4,
додека во периодот јануари-мај 2017 година, во однос на периодот јануари-мај 2016 година, изнесува 109.1.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика