Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Индустрија


Индекси на прометот во индустријата, април 2017 година

четврток, 15 јуни 2017


Според податоците на Државниот завод за статистика (МАКСТАТ), индексот на прометот во индустријата во
април 2017 година, во однос на април 2016 година, изнесува 99.5.


Прометот во индустријата остварен на домашниот пазар во април 2017, во однос на април 2016 година, бележи
опаѓање од 7.3%, а прометот остварен на странски пазари бележи пораст од 1.4%.


Гледано по сектори, прометот во индустријата во секторот Рударство и вадење на камен во април 2017 година,
во однос на април 2016 година, бележи пораст од 24.7%, а во секторот Преработувачка индустрија бележи
опаѓање од 1.2%.


Според главните индустриски групи, прометот во април 2017 година, во однос на април 2016 година, бележи
пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 11.0%, додека опаѓање бележи кај Капитални
производи за 5.2%, Tрајни производи за широка потрошувачка за 3.2% и Нетрајни производи за широка
потрошувачка за 7.4%.


Индексот на прометот во индустријата во април 2017 година, во однос на март 2017 година, изнесува 86.6,
додека во периодот јануари - април 2017 година, во однос на периодот јануари - април 2016 година, изнесува
108.0.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика