Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја
Политиката за колачиња.
Соопштението е од областа:
Индустрија
Индекси на прометот во индустријата, март 2017 година
петок, 12 мај 2017
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата во март 2017 година, во однос на март 2016 година, изнесува 116.6. Прометот во индустријата остварен на домашниот пазар во март 2017, во однос на март 2016 година, бележи пораст од 2.7%, а прометот остварен на странски пазари бележи пораст од 20.1%. Гледано по сектори, прометот во индустријата во секторот Рударство и вадење на камен во март 2017 година, во однос на март 2016 година, бележи пораст од 15.8%, а во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 16.7%. Според главните индустриски групи, прометот во март 2017 година, во однос на март 2016 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 23.1%, Капитални производи за 22.8% и Tрајни производи за широка потрошувачка за 20.7%, додека опаѓање бележи кај Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1.8%. Индексот на прометот во индустријата во март 2017 година, во однос на февруари 2017 година, изнесува 114.8, додека во периодот јануари-март 2017 година, во однос на периодот јануари-март 2016 година, изнесува 111.1.
Преземи го соопштението во целост
Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.
За подетални информации јавете на:
контакт тел:
+389 2 3295 666
е-пошта:
press@stat.gov.mk
|
© Државен завод за статистика