Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја
Политиката за колачиња.
Соопштението е од областа:
Индустрија
Индекси на прометот во индустријата, февруари 2017
четврток, 13 април 2017
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата во февруари 2017 година, во однос на февруари 2016 година, изнесува 109.7. Прометот во индустријата остварен на домашниот пазар во февруари 2017, во однос на февруари 2016 година, бележи опаѓање од 7.0%, а прометот остварен на странски пазари бележи пораст од 13.4%. Гледано по сектори, прометот во индустријата во секторот Рударство и вадење на камен во февруари 2017 година, во однос на февруари 2016 година, бележи пораст од 15.5%, а во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 9.5%. Според главните индустриски групи, прометот во февруари 2017 година, во однос на февруари 2016 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 15.4% и Капитални производи за 12.8%, додека опаѓање бележи кај Tрајни производи за широка потрошувачка за 5.1% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 3.0%. Индексот на прометот во индустријата во февруари 2017 година, во однос на јануари 2017 година, изнесува 113.4, додека во периодот јануари-февруари 2017 година, во однос на периодот јануари-февруари 2016 година, изнесува 108.0.
Преземи го соопштението во целост
Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.
За подетални информации јавете на:
контакт тел:
+389 2 3295 666
е-пошта:
press@stat.gov.mk
|
© Државен завод за статистика