Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја
Политиката за колачиња.
Соопштението е од областа:
Индустрија
Индекси на прометот во индустријата, јануари 2017
четврток, 16 март 2017
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата во јануари 2017 година, во однос на јануари 2016 година, изнесува 106.2. Прометот во индустријата остварен на домашниот пазар во јануари 2017 година, во однос на јануари 2016 година, бележи опаѓање од 10.0%, а прометот остварен на странски пазари бележи пораст од 9.3%. Гледано по сектори, прометот во индустријата во секторот Рударство и вадење на камен во јануари 2017 година, во однос на јануари 2016 година, бележи опаѓање од 1.1%, а во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 6.5%. Според главните индустриски групи, прометот во јануари 2017 година, во однос на јануари 2016 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 5.2% и Капитални производи за 12.2%, додека опаѓање бележи кај Tрајни производи за широка потрошувачка за 4.3% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 3.8%. Индексот на прометот во индустријата во јануари 2017 година, во однос на декември 2016 година, изнесува 96.4.
Преземи го соопштението во целост
Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.
За подетални информации јавете на:
контакт тел:
+389 2 3295 666
е-пошта:
press@stat.gov.mk
|
© Државен завод за статистика