Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја
Политиката за колачиња.
Соопштението е од областа:
Индустрија
Индекси на прометот во индустријата, декември 2016
понеделник, 13 февруари 2017
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата во декември 2016 година, во однос на декември 2015 година, изнесува 106.6. Прометот во индустријата остварен на домашниот пазар во декември 2016, во однос на декември 2015 година, бележи пораст од 1.2%, а прометот остварен на странските пазари бележи пораст од 8.6%. Гледано по сектори, прометот во индустријата во секторот Рударство и вадење на камен во декември 2016 година, во однос на декември 2015 година, бележи пораст од 13.9%, а во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 6.4%. Според главните индустриски групи, прометот во декември 2016 година, во однос на декември 2015 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 5.9% и Капитални производи за 16.8%, додека опаѓање бележи кај Tрајни производи за широка потрошувачка за 1.0% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 2.1%. Индексот на прометот во индустријата во декември 2016 година, во однос на ноември 2016 година, изнесува 83.1, додека во периодот јануари-декември 2016 година, во однос на периодот јануари-декември 2015 година, изнесува 109.9.
Преземи го соопштението во целост
Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.
За подетални информации јавете на:
контакт тел:
+389 2 3295 666
е-пошта:
press@stat.gov.mk
|
© Државен завод за статистика