Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Индустрија


Индекси на прометот во индустријата, ноември 2016

понеделник, 16 јануари 2017


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата во ноември 2016
година, во однос на ноември 2015 година, изнесува 111.9.
Прометот во индустријата остварен на домашниот пазар во ноември 2016, во однос на ноември 2015 година,
бележи пораст од 6.7%, а прометот остварен на странските пазари бележи пораст од 13.2%.
Гледано по сектори, прометот во индустријата во секторот Рударство и вадење на камен во ноември 2016
година, во однос на ноември 2015 година, бележи опаѓање од 1.3%, а во секторот Преработувачка индустрија
бележи пораст од 12.4%.
Според главните индустриски групи, прометот во ноември 2016 година, во однос на ноември 2015 година,
бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 6.6%, Капитални производи за 18.0%, Tрајни
производи за широка потрошувачка за 15.4% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 9.2%.
Индексот на прометот во индустријата во ноември 2016 година, во однос на октомври 2016 година, изнесува
102.8, додека во периодот јануари-ноември 2016 година, во однос на периодот јануари-ноември 2015 година,
изнесува 110.2.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика