Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Индустрија


Индекси на прометот во индустријата, септември 2016

вторник, 15 ноември 2016


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата во септември
2016 година, во однос на септември 2015 година, изнесува 110.1.


Прометот во индустријата остварен на домашниот пазар во септември 2016, во однос на септември 2015
година, бележи пораст од 1.1%, а прометот остварен на странските пазари бележи пораст од 12.6%.


Гледано по сектори, прометот во индустријата во секторот Рударство и вадење на камен во септември 2016
година, во однос на септември 2015 година, бележи пораст од 11.8%, а во секторот Преработувачка индустрија
бележи пораст од 10.0%.


Според главните индустриски групи, прометот во септември 2016 година, во однос на септември 2015 година,
бележи пораст кај Капитални производи за 34.1% и Tрајни производи за широка потрошувачка за 20.9%,
додека опаѓање бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 4.7% и Нетрајни производи за
широка потрошувачка за 0.9%.


Индексот на прометот во индустријата во септември 2016 година, во однос на август 2016 година, изнесува
112.6, додека во периодот јануари-септември 2016 година, во однос на периодот јануари-септември 2015
година, изнесува 110.7.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика