Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Индустрија


Индекси на прометот во индустријата, јули 2016

четврток, 15 септември 2016


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата во јули 2016
година, во однос на јули 2015 година, изнесува 113.1.
Прометот во индустријата остварен на домашниот пазар во јули 2016 година, во однос на јули 2015 година,
бележи пораст од 3.5%, а прометот остварен на странските пазари бележи пораст од 16.1%.
Гледано по сектори, прометот во индустријата во секторот Рударство и вадење на камен во јули 2016 година,
во однос на јули 2015 година, бележи пораст од 13.5%, а во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст
од 13.1%.
Според главните индустриски групи, прометот во јули 2016 година, во однос на јули 2015 година, бележи пораст
кај Интермедијарни производи, освен енергија за 8.3%, Капитални производи за 14.8%, Tрајни производи за
широка потрошувачка за 14.9% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 16.9%.
Индексот на прометот во индустријата во јули 2016 година, во однос на јуни 2016 година, изнесува 101.7, додека
во периодот јануари-јули 2016 година, во однос на периодот јануари-јули 2015 година, изнесува 110.4.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика