Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата во јуни 2016
година, во однос на јуни 2015 година, изнесува 103.2.
Индексот на прометот во индустријата остварен на домашниот пазар во јуни 2016, во однос на јуни 2015 година,
бележи опаѓање од 8.7%, а индексот на прометот остварен на странските пазари бележи пораст од 6.9%.
Гледано по сектори, прометот во индустријата во секторот Рударство и вадење на камен во јуни 2016 година,
во однос на јуни 2015 година, е на исто ниво, а во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од
3.3%.
Според главните индустриски групи, прометот во јуни 2016 година, во однос на јуни 2015 година, бележи
пораст кај Капитални производи за 21.5% и Tрајни производи за широка потрошувачка за 11.5%, додека
опаѓање бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 8.8% и Нетрајни производи за широка
потрошувачка за 4.8%.
Индексот на прометот во индустријата во јуни 2016 година, во однос на мај 2016 година, изнесува 100.4, додека
во периодот јануари-јуни 2016 година, во однос на периодот јануари-јуни 2015 година, изнесува 109.9.