Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата во април 2016
година, во однос на април 2015 година, изнесува 115.7.
Индексот на прометот во индустријата остварен на домашниот пазар во април 2016, во однос на април 2015
година, бележи пораст од 4.8%, а индексот на прометот остварен на странските пазари бележи пораст од
19.1%.
Гледано по сектори, прометот во индустријата во секторот Рударство и вадење на камен во април 2016 година,
во однос на април 2015 година, бележи опаѓање од 19.7%, а во секторот Преработувачка индустрија бележи
пораст од 17.3%.
Според главните индустриски групи, прометот во април 2016 година, во однос на април 2015 година, бележи
пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 5.4%, Капитални производи за 39.3%, Tрајни
производи за широка потрошувачка за 10.3% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0.2%, додека
опаѓање бележи кај Енергија за 61.3%.
Индексот на прометот во индустријата во април 2016 година, во однос на март 2016 година, изнесува 101.2, додека
во периодот јануари-април 2016 година, во однос на периодот јануари-април 2015 година, изнесува 111.0.