Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Индустрија


Индекси на прометот во индустријата, март 2016

петок, 13 мај 2016


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата во март 2016
година, во однос на март 2015 година, изнесува 106.5.


Индексот на прометот во индустријата остварен на домашниот пазар во март 2016, во однос на март 2015
година, бележи опаѓање од 1.0%, а индексот на прометот остварен на странските пазари бележи пораст од
8.6%.


Гледано по сектори, прометот во индустријата во секторот Рударство и вадење на камен во март 2016 година,
во однос на март 2015 година, бележи опаѓање од 9.2%, а во секторот Преработувачка индустрија бележи
пораст од 7.2%.


Според главните индустриски групи, прометот во март 2016 година, во однос на март 2015 година, бележи пораст
кај Интермедијарни производи, освен енергија за 4.1%, Капитални производи за 19.9% и Tрајни производи
за широка потрошувачка за 11.9%, додека опаѓање бележи кај Енергија за 7.5% и Нетрајни производи за
широка потрошувачка за 7.3%.


Индексот на прометот во индустријата во март 2016 година, во однос на февруари 2016 година, изнесува 108.1,
додека во периодот јануари-март 2016 година, во однос на периодот јануари-март 2015 година, изнесува
109.3.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика