Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата во декември 2015
година, во однос на декември 2014 година, изнесува 101.8.
Прометот во индустријата остварен на домашниот пазар во декември 2015, во однос на декември 2014 година,
бележи опаѓање од 1.2%, а прометот остварен на странски пазари бележи пораст од 2.8%.
Гледано по сектори, прометот во индустријата во секторот Рударство и вадење на камен во декември 2015
година, во однос на декември 2014 година, бележи опаѓање од 13.6%, а во секторот Преработувачка индустрија
бележи пораст од 2.7%.
Според главните индустриски групи, прометот во декември 2015 година, во однос на декември 2014 година,
бележи пораст кај Капитални производи за 14.2%, Tрајни производи за широка потрошувачка за 21.2% и Нетрајни
производи за широка потрошувачка за 1.9%, додека опаѓање бележи кај Енергија за 96.1% и Интермедијарни
производи, освен енергија за 8.3%.
Индексот на прометот во индустријата во декември 2015 година, во однос на ноември 2015 година, изнесува
87.4, додека во периодот јануари-декември 2015 година, во однос на периодот јануари-декември 2014 година,
изнесува 108.6.