Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Индустрија


Индекси на прометот во индустријата, октомври 2015

вторник, 15 декември 2015


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата во октомври 2015
година, во однос на октомври 2014 година, изнесува 108.1.
Прометот во индустријата остварен на домашниот пазар во октомври 2015, во однос на октомври 2014 година,
бележи опаѓање од 3.4%, а прометот остварен на странски пазари бележи пораст од 11.3%.
Гледано по сектори, прометот во индустријата во секторот Рударство и вадење на камен во октомври 2015
година, во однос на октомври 2014 година, бележи пораст од 4.4%, а во секторот Преработувачка индустрија
бележи пораст од 8.3%.
Според главните индустриски групи, прометот во октомври 2015 година, во однос на октомври 2014 година,
бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 10.8%, Капитални производи за 10.6%, Tрајни
производи за широка потрошувачка за 11.9% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 2.7%, додека
опаѓање бележи кај Енергија за 89.6%.
Индексот на прометот во индустријата во октомври 2015 година, во однос на септември 2015 година, изнесува
102.2, додека во периодот јануари-октомври 2015 година, во однос на периодот јануари-октомври 2014 година,
изнесува 109.0.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 749

е-пошта:  goran.stojkovic@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика