Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Индустрија


Индекси на прометот во индустријата, септември 2015

понеделник, 16 ноември 2015


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата во септември 2015
година, во однос на септември 2014 година, изнесува 114.8.
Прометот во индустријата остварен на домашниот пазар во септември 2015, во однос на септември 2014 година,
бележи опаѓање од 0.6%, а прометот остварен на странски пазари бележи пораст од 19.6%.
Гледано по сектори, прометот во индустријата во секторот Рударство и вадење на камен во септември 2015
година, во однос на септември 2014 година, бележи опаѓање од 6.8%, а во секторот Преработувачка индустрија
бележи пораст од 15.8%.
Според главните индустриски групи, прометот во септември 2015 година, во однос на септември 2014 година,
бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 29.4%, Капитални производи за 13.0% и
Нетрајни производи за широка потрошувачка за 3.8%, додека опаѓање бележи кај Енергија за 61.6% и Tрајни
производи за широка потрошувачка за 3.9%.
Индексот на прометот во индустријата во септември 2015 година, во однос на август 2015 година, изнесува 117.1,
додека во периодот јануари-септември 2015 година, во однос на периодот јануари-септември 2014 година,
изнесува 109.2.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 749

е-пошта:  goran.stojkovic@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика