Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Индустрија


Индекси на прометот во индустријата, април 2015

понеделник, 15 јуни 2015


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата во април 2015
година, во однос на април 2014 година, изнесува 103.9.


Индексот на прометот во индустријата остварен на домашниот пазар во април 2015, во однос на април 2014
година, бележи опаѓање од 3.0%, а индексот на прометот остварен на странски пазари бележи пораст од 6.2%.


Гледано по сектори, прометот во индустријата во секторот Рударство и вадење на камен во април 2015 година,
во однос на април 2014 година, бележи пораст од 12.0%, а во секторот Преработувачка индустрија бележи
пораст од 3.6%.


Според главните индустриски групи, прометот во април 2015 година, во однос на април 2014 година, бележи
пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 6.3%, Капитални производи за 6.4% и Tрајни
производи за широка потрошувачка за 3.6%, додека опаѓање бележи кај Енергија за 58.9% и Нетрајни
производи за широка потрошувачка за 1.0%.


Индексот на прометот во индустријата во април 2015 година, во однос на март 2015 година, изнесува 93.3, додека
во периодот јануари-април 2015 година, во однос на периодот јануари-април 2014 година, изнесува 108.6.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 749

е-пошта:  goran.stojkovic@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика