Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја
Политиката за колачиња.
Соопштението е од областа:
Индустрија
Индекси на прометот во индустријата, ноември 2014
петок, 16 јануари 2015
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата во ноември 2014 година, во однос на ноември 2013 година, изнесува 120.5. Индексот на прометот во индустријата остварен на домашниот пазар во ноември 2014, во однос на ноември 2013 година, бележи опаѓање од 1.8%, а индексот на прометот остварен на странски пазари бележи пораст од 28.2%. Гледано по сектори, прометот во индустријата во секторот Рударство и вадење на камен во ноември 2014 година, во однос на ноември 2013 година, бележи опаѓање од 14.1%, а во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 22.3%. Според главните индустриски групи, прометот во ноември 2014 година, во однос на ноември 2013 година, бележи пораст кај Енергија за 120.6%, Капитални производи за 79.7% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 4.7%, додека опаѓање бележи кај Tрајни производи за широка потрошувачка за 0.3%. Индексот на прометот во индустријата во ноември 2014 година, во однос на октомври 2014 година, изнесува 93.3, додека во периодот јануари-ноември 2014 година, во однос на периодот јануари-ноември 2013 година, изнесува 115.1.
Преземи го соопштението во целост
Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.
За подетални информации јавете на:
контакт тел:
+389 2 3295 749
е-пошта:
goran.stojkovic@stat.gov.mk
|
© Државен завод за статистика