Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја
Политиката за колачиња.
Соопштението е од областа:
Индустрија
Индекси на прометот во индустријата, октомври 2014
понеделник, 15 декември 2014
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата во октомври 2014 година, во однос на октомври 2013 година, изнесува 121.2. Индексот на прометот во индустријата остварен на домашниот пазар во октомври 2014, во однос на октомври 2013 година, бележи пораст од 1.0%, а индексот на прометот остварен на странски пазари бележи пораст од 28.2%. Гледано по сектори, прометот во индустријата во секторот Рударство и вадење на камен во октомври 2014 година, во однос на октомври 2013 година, бележи опаѓање од 15.2%, а во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 23.3%. Според главните индустриски групи, прометот во октомври 2014 година, во однос на октомври 2013 година, бележи пораст кај Енергија за 196.2%, Интермедијарни производи, освен енергија за 0.1%, Капитални производи за 79.5%, Tрајни производи за широка потрошувачка за 17.1% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 3.9%. Индексот на прометот во индустријата во октомври 2014 година, во однос на септември 2014 година, изнесува 108.7, додека во периодот јануари-октомври 2014 година, во однос на периодот јануари-октомври 2013 година, изнесува 114.6.
Преземи го соопштението во целост
Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.
За подетални информации јавете на:
контакт тел:
+389 2 3295 749
е-пошта:
goran.stojkovic@stat.gov.mk
|
© Државен завод за статистика