Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Индустрија


Индекси на прометот во индустријата, септември 2014

понеделник, 17 ноември 2014


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата во септември
2014 година, во однос на септември 2013 година, изнесува 120.5.


Индексот на прометот во индустријата остварен на домашниот пазар во септември 2014, во однос на септември
2013 година, бележи пораст од 2.0%, а индексот на прометот остварен на странски пазари бележи пораст од
27.7%.


Гледано по сектори, прометот во индустријата во секторот Рударство и вадење на камен во септември 2014
година, во однос на септември 2013 година, бележи пораст од 4.7%, а во секторот Преработувачка индустрија
бележи пораст од 21.3%.


Според главните индустриски групи, прометот во септември 2014 година, во однос на септември 2013 година,
бележи пораст кај Енергија за 34.1%, Капитални производи за 70.7% и Нетрајни производи за широка
потрошувачка за 12.4%, додека опаѓање бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 3.1% и
Tрајни производи за широка потрошувачка за 5.5%.


Индексот на прометот во индустријата во септември 2014 година, во однос на август 2014 година, изнесува
110.8, додека во периодот јануари-септември 2014 година, во однос на периодот јануари-септември 2013
година, изнесува 113.8.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 749

е-пошта:  goran.stojkovic@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика