Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја
Политиката за колачиња.
Соопштението е од областа:
Индустрија
Индекси на прометот во индустријата, август 2014
среда, 15 октомври 2014
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата во август 2014 година, во однос на август 2013 година, изнесува 117.9. Индексот на прометот во индустријата остварен на домашниот пазар во август 2014, во однос на август 2013 година, бележи опаѓање од 5.6%, а индексот на прометот остварен на странски пазари бележи пораст од 28.7%. Гледано по сектори, прометот во индустријата во секторот Рударство и вадење на камен во август 2014 година, во однос на август 2013 година, бележи опаѓање од 24.9%, а во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 20.5%. Според главните индустриски групи, прометот во август 2014 година, во однос на август 2013 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 3.8% и Капитални производи за 81.3%, додека опаѓање бележи кај Енергија за 51.4%, Tрајни производи за широка потрошувачка за 5.1% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 3.5%. Индексот на прометот во индустријата во август 2014 година, во однос на јули 2014 година, изнесува 92.1, додека во периодот јануари-август 2014 година, во однос на периодот јануари-август 2013 година, изнесува 112.9.
Преземи го соопштението во целост
Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.
За подетални информации јавете на:
контакт тел:
+389 2 3295 749
е-пошта:
goran.stojkovic@stat.gov.mk
|
© Државен завод за статистика