Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Индустрија


Индекси на прометот во индустријата, декември 2024 година

петок, 14 февруари 2025


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата, вкупно, во декември 2024 година, во однос на декември 2023 година, изнесува 89.0.

Според главните индустриски групи, вкупниот промет во индустријата во декември 2024 година, во однос на декември 2023 година, бележи пораст кај Tрајни производи за широка потрошувачка за 8.2 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1.3 %, додека  опаѓање  бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 1.8 % и кај Капитални производи за 26.2 %.

Индексот на прометот во индустријата, вкупно, во декември 2024 година, во однос на ноември 2024 година, изнесува 87.2, додека во периодот јануари – декември 2024 година, во однос на периодот јануари – декември 2023 година, изнесува 89.2.

Индексот на прометот во индустријата на домашниот пазар, во декември 2024 година, во однос на декември 2023 година, изнесува 99.1.

Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на домашниот пазар во декември 2024 година, во однос на декември 2023 година, бележи пораст кај Капитални производи за 3.9 %, Tрајни производи за широка потрошувачка за 8.0 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0.7 %, додека опаѓање бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 5.5 %.

Индексот на прометот во индустријата на домашниот пазар, во декември 2024 година, во однос на ноември 2024 година, изнесува 103.4, додека во периодот јануари-декември 2024 година, во однос на периодот јануари-декември 2023 година, изнесува 98.0.

Индексот на прометот во индустријата на странските пазари, во декември 2024 година, во однос на декември 2023 година, изнесува 85.5.

Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на странските пазари во декември 2024 година, во однос на декември 2023 година, бележи пораст кај Tрајни производи за широка потрошувачка за 7.4 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0.7 %, опаѓање бележи кај Капитални производи за 26.4 %, додека кај Интермедијарни производи, освен енергија е на исто ниво.

Индексот на прометот во индустријата на странските пазари, во декември 2024 година, во однос на ноември 2024 година, изнесува 82.6, додека во периодот јануари – декември 2024 година, во однос на периодот јануари – декември 2023 година, изнесува 86.2.

 






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389295666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика