Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Индустрија


Индекси на прометот во индустријата, ноември 2024 година

петок, 17 јануари 2025


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата, вкупно, во ноември 2024 година, во однос на ноември 2023 година, изнесува 92.5.

Според главните индустриски групи, вкупниот промет во индустријата во ноември 2024 година, во однос на ноември 2023 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 3.0 %, Трајни производи за широка потрошувачка за 12.8 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 2.9 %, додека опаѓање бележи кај Капитални производи за 20.5 %

Индексот на прометот во индустријата, вкупно, во ноември 2024 година, во однос на октомври 2024 година, изнесува 94.1, додека во периодот јануари – ноември 2024 година, во однос на периодот јануари – ноември 2023 година, изнесува 89.2.

Индексот на прометот во индустријата на домашниот пазар, во ноември 2024 година, во однос на ноември 2023 година, изнесува 98.8.

Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на домашниот пазар во ноември 2024 година, во однос на ноември 2023 година, бележи пораст кај Нетрајни производи за широка потрошувачка за 3.9 %, додека опаѓање бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 2.9 %, Капитални производи за 21.3 % и Трајни производи за широка потрошувачка за 5.9 %.

Индексот на прометот во индустријата на домашниот пазар, во ноември 2024 година, во однос на октомври 2024 година, изнесува 98.0, додека во периодот јануари – ноември 2024 година, во однос на периодот јануари – ноември 2023 година, изнесува 97.8.

Индексот на прометот во индустријата на странските пазари, во ноември 2024 година, во однос на ноември 2023 година, изнесува 89.9.

Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на странските пазари во ноември 2024 година, во однос на ноември 2023 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 4.1 %, Трајни производи за широка потрошувачка за 23.0 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 2.0 %, додека опаѓање бележи кај Капитални производи за 20.6 %.

Индексот на прометот во индустријата на странските пазари, во ноември 2024 година, во однос на октомври 2024 година, изнесува 93.2, додека во периодот јануари – ноември 2024 година, во однос на периодот јануари – ноември 2023 година, изнесува 86.3.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика