Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Индустрија


Индекси на прометот во индустријата, октомври 2024 година

петок, 13 декември 2024


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата, вкупно, во октомври
2024 година, во однос на октомври 2023 година, изнесува 98.6.
Според главните индустриски групи, вкупниот промет во индустријата во октомври 2024 година, во однос на
октомври 2023 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 3.5 %, Tрајни производи за
широка потрошувачка за 21.3 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 5.7 %, додека опаѓање бележи
кај Капитални производи за 9.7 %
Индексот на прометот во индустријата, вкупно, во октомври 2024 година, во однос на септември 2024 година,
изнесува 105.6, додека во периодот јануари – октомври 2024 година, во однос на периодот јануари – октомври 2023
година, изнесува 88.9.
Индексот на прометот во индустријата на домашниот пазар, во октомври 2024 година, во однос на октомври 2023
година, изнесува 102.1.
Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на домашниот пазар во октомври 2024 година, во
однос на октомври 2023 година, бележи пораст кај Tрајни производи за широка потрошувачка за 2.9 % и Нетрајни
производи за широка потрошувачка за 8.4 %, додека опаѓање бележи кај Интермедијарни производи, освен
енергија за 3.0 % и Капитални производи за 14.4 %.
Индексот на прометот во индустријата на домашниот пазар, во октомври 2024 година, во однос на септември 2024
година, изнесува 111.0, додека во периодот јануари – октомври 2024 година, во однос на периодот јануари – октомври
2023 година, изнесува 97.7.
Индексот на прометот во индустријата на странските пазари, во октомври 2024 година, во однос на октомври 2023
година, изнесува 96.8.
Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на странските пазари во октомври 2024 година, во
однос на октомври 2023 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 5.3 %, Tрајни
производи за широка потрошувачка за 30.9 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 2.4 %, додека
опаѓање бележи кај Капитални производи за 9.8 %.
Индексот на прометот во индустријата на странските пазари, во октомври 2024 година, во однос на септември 2024
година, изнесува 104.5, додека во периодот јануари – октомври 2024 година, во однос на периодот јануари – октомври
2023 година, изнесува 85.9.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика