Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Индустрија


Индекси на прометот во индустријата, јули 2024 година

петок, 13 септември 2024


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата, вкупно, во јули 2024 година, во однос на јули 2023 година, изнесува 86.5.

Според главните индустриски групи, вкупниот промет во индустријата во јули 2024 година, во однос на јули 2023 година, бележи опаѓање кај Капитални производи за 35.4 % и Tрајни производи за широка потрошувачка за 1.6 %, додека пораст бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 6.0 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1.4 %.

Индексот на прометот во индустријата, вкупно, во јули 2024 година, во однос на јуни 2024 година, изнесува 98.0, додека во периодот јануари-јули 2024 година, во однос на периодот јануари-јули 2023 година, изнесува 86.7.

Индексот на прометот во индустријата на домашниот пазар, во јули 2024 година, во однос на јули 2023 година, изнесува 99.1.

Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на домашниот пазар во јули 2024 година, во однос на јули 2023 година, бележи опаѓање кај Интермедијарни производи, освен енергија за 6.6 % и Tрајни производи за широка потрошувачка за 21.8 %, додека пораст бележи кај Капитални производи за 46.4 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1.6 %.

Индексот на прометот во индустријата на домашниот пазар, во јули 2024 година, во однос на јуни 2024 година, изнесува 106.5, додека во периодот јануари-јули 2024 година, во однос на периодот јануари-јули 2023 година, изнесува 99.4.

Индексот на прометот во индустријата на странските пазари, во јули 2024 година, во однос на јули 2023 година, изнесува 82.0.

Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на странските пазари во јули 2024 година, во однос на јули 2023 година, бележи опаѓање кај Капитални производи за 37.0 %, додека пораст бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 11.8 %, Tрајни производи за широка потрошувачка за 6.0 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1.8 %.

Индексот на прометот во индустријата на странските пазари, во јули 2024 година, во однос на јуни 2024 година, изнесува 94.8, додека во периодот јануари-јули 2024 година, во однос на периодот јануари-јули 2023 година, изнесува 83.1.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389295666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика