Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата, вкупно, во април 2024
година, во однос на април 2023 година, изнесува 93.0.
Според главните индустриски групи, вкупниот промет во индустријата во април 2024 година, во однос на април
2023 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 7.8 %, Tрајни производи за широка
потрошувачка за 5.9 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 6.7 %, додека опаѓање бележи кај
Капитални производи за 23.2 %.
Индексот на прометот во индустријата, вкупно, во април 2024 година, во однос на март 2024 година, изнесува 88.4,
додека во периодот јануари – април 2024 година, во однос на периодот јануари – април 2023 година, изнесува 91.3.
Индексот на прометот во индустријата на домашниот пазар, во април 2024 година, во однос на април 2023 година,
изнесува 108.7.
Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на домашниот пазар во април 2024 година, во однос на
април 2023 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 13.4 % и Нетрајни производи
за широка потрошувачка за 8.4 %, додека опаѓање бележи кај Капитални производи за 6.2 % и Tрајни производи за
широка потрошувачка за 7.5 %.
Индексот на прометот во индустријата на домашниот пазар, во април 2024 година, во однос на март 2024 година,
изнесува 101.2, додека во периодот јануари – април 2024 година, во однос на периодот јануари – април 2023 година,
изнесува 102.3.
Индексот на прометот во индустријата на странските пазари, во април 2024 година, во однос на април 2023 година,
изнесува 89.0.
Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на странските пазари во април 2024 година, во однос
на април 2023 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 8.4 %, Tрајни производи за
широка потрошувачка за 13.0 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 4.4 %, додека опаѓање бележи
кај Капитални производи за 23.5 %.
Индексот на прометот во индустријата на странските пазари, во април 2024 година, во однос на март 2024 година,
изнесува 84.6, додека во периодот јануари – април 2024 година, во однос на периодот јануари – април 2023 година,
изнесува 88.5.