Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата, вкупно, во февруари
2024 година, во однос на февруари 2023 година, изнесува 95.4.
Според главните индустриски групи, вкупниот промет во индустријата во февруари 2024 година, во однос на февруари
2023 година, бележи опаѓање кај Интермедијарни производи, освен енергија за 4.5 % и Капитални производи за
10.9 %, додека пораст бележи кај Tрајни производи за широка потрошувачка за 5.6 % и Нетрајни производи за
широка потрошувачка за 8.2 %.
Индексот на прометот во индустријата, вкупно, во февруари 2024 година, во однос на јануари 2024 година, изнесува
117.4, додека во периодот јануари – февруари 2024 година, во однос на периодот јануари – февруари 2023 година,
изнесува 91.5.
Индексот на прометот во индустријата на домашниот пазар, во февруари 2024 година, во однос на февруари 2023
година, изнесува 100.7.
Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на домашниот пазар во февруари 2024 година, во
однос на февруари 2023 година, бележи пораст кај Нетрајни производи за широка потрошувачка за 7.3 %, додека
опаѓање бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 4.8 %, Капитални производи за 14.9 % и Tрајни
производи за широка потрошувачка за 1.3 %.
Индексот на прометот во индустријата на домашниот пазар, во февруари 2024 година, во однос на јануари 2024
година, изнесува 116.1, додека во периодот јануари – февруари 2024 година, во однос на периодот јануари – февруари
2023 година, изнесува 101.5.
Индексот на прометот во индустријата на странските пазари, во февруари 2024 година, во однос на февруари 2023
година, изнесува 93.2.
Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на странските пазари во февруари 2024 година,
во однос на февруари 2023 година, бележи опаѓање кај Интермедијарни производи, освен енергија за 6.0 % и
Капитални производи за 11.0 %, додека пораст бележи кај Tрајни производи за широка потрошувачка за 8.3 % и
Нетрајни производи за широка потрошувачка за 8.0 %.
Индексот на прометот во индустријата на странските пазари, во февруари 2024 година, во однос на јануари 2024
година, изнесува 117.3, додека во периодот јануари – февруари 2024 година, во однос на периодот јануари – февруари
2023 година, изнесува 88.3.