Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Индустрија


Индекси на прометот во индустријата, октомври 2023 година

петок, 15 декември 2023


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата, вкупно, во октомври 2023 година, во однос на октомври 2022 година, изнесува 104.8.

Според главните индустриски групи, вкупниот промет во индустријата во октомври 2023 година, во однос на октомври 2022 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 7.7 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 14.1 %, додека опаѓање бележи кај Капитални производи за 1.9 % и Tрајни производи за широка потрошувачка за 10.3 %.

Индексот на прометот во индустријата, вкупно, во октомври 2023 година, во однос на септември 2023 година, изнесува 98.5, додека во периодот јануари – октомври 2023 година, во однос на периодот јануари – октомври 2022 година, изнесува 103.0.

Индексот на прометот во индустријата на домашниот пазар, во октомври 2023 година, во однос на октомври 2022 година, изнесува 107.8.

Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на домашниот пазар во октомври 2023 година, во однос на октомври 2022 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 1.7 %, Капитални производи за 86.6 %, Tрајни производи за широка потрошувачка за 3.8 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 8.5 %.

Индексот на прометот во индустријата на домашниот пазар, во октомври 2023 година, во однос на септември 2023 година, изнесува 100.2, додека во периодот јануари – октомври 2023 година, во однос на периодот јануари – октомври 2022 година, изнесува 102.1.

Индексот на прометот во индустријата на странските пазари, во октомври 2023 година, во однос на октомври 2022 година, изнесува 104.3.

Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на странските пазари во октомври 2023 година, во однос на октомври 2022 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 10.1 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 18.6 %, додека опаѓање бележи кај Капитални производи за 2.6 % и Tрајни производи за широка потрошувачка за 9.1 %.

Индексот на прометот во индустријата на странските пазари, во октомври 2023 година, во однос на септември 2023 година, изнесува 98.8, додека во периодот јануари – октомври 2023 година, во однос на периодот јануари – октомври 2022 година, изнесува 103.2.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика