Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата, вкупно, во август 2023 година, во однос на август 2022 година, изнесува 95.7.
Според главните индустриски групи, вкупниот промет во индустријата во август 2023 година, во однос на август 2022 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 0.4 %, Tрајни производи за широка потрошувачка за 2.0 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 4.6 %, додека опаѓање бележи кај Капитални производи за 13.3 %.
Индексот на прометот во индустријата, вкупно, во август 2023 година, во однос на јули 2023 година, изнесува 94.6, додека во периодот јануари – август 2023 година, во однос на периодот јануари – август 2022 година, изнесува 103.7.
Индексот на прометот во индустријата на домашниот пазар, во август 2023 година, во однос на август 2022 година, изнесува 101.3.
Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на домашниот пазар во август 2023 година, во однос на август 2022 година, бележи пораст кај Капитални производи за 63.9 %, Tрајни производи за широка потрошувачка за 5.8 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 6.0 %, додека опаѓање бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 8.3 %.
Индексот на прометот во индустријата на домашниот пазар, во август 2023 година, во однос на јули 2023 година, изнесува 96.6, додека во периодот јануари – август 2023 година, во однос на периодот јануари – август 2022 година, изнесува 102.2.
Индексот на прометот во индустријата на странските пазари, во август 2023 година, во однос на август 2022 година, изнесува 93.4.
Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на странските пазари во август 2023 година, во однос на август 2022 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 4.2 %, Tрајни производи за широка потрошувачка за 4.8 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1.6 %, додека опаѓање бележи кај Капитални производи за 13.9 %.
Индексот на прометот во индустријата на странските пазари, во август 2023 година, во однос на јули 2023 година, изнесува 94.6, додека во периодот јануари – август 2023 година, во однос на периодот јануари – август 2022 година, изнесува 104.1.