Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Индустрија


Индекси на прометот во индустријата, јуни 2023 година

петок, 11 август 2023


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата, вкупно, во јуни 2023 година, во однос на јуни 2022 година, изнесува 99.7.

Според главните индустриски групи, вкупниот промет во индустријата во јуни 2023 година, во однос на јуни 2022 година, бележи пораст кај Нетрајни производи за широка потрошувачка за 17.7 %, додека опаѓање бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 12.4 %, Капитални производи за 1.3 % и Tрајни производи за широка потрошувачка за 6.2 %.

Индексот на прометот во индустријата, вкупно, во јуни 2023 година, во однос на мај 2023 година, изнесува 93.0, додека во периодот јануари − јуни 2023 година, во однос на периодот јануари − јуни 2022 година, изнесува 104.9.

Индексот на прометот во индустријата на домашниот пазар, во јуни 2023 година, во однос на јуни 2022 година, изнесува 102.1.

Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на домашниот пазар во јуни 2023 година, во однос на јуни 2022 година, бележи пораст кај Капитални производи за    14.8 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 8.6 %, додека опаѓање бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 4.4 % и Tрајни производи за широка потрошувачка за 16.2 %.

Индексот на прометот во индустријата на домашниот пазар, во јуни 2023 година, во однос на мај 2023 година, изнесува 103.8, додека во периодот јануари − јуни 2023 година, во однос на периодот јануари − јуни 2022 година, изнесува 101.5.

Индексот на прометот во индустријата на странските пазари, во јуни 2023 година, во однос на јуни 2022 година, изнесува 99.1.

Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на странските пазари во јуни 2023 година, во однос на јуни 2022 година, бележи пораст кај  Tрајни производи за широка потрошувачка за 5.5 %, и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 23.7 %, додека опаѓање бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 15.7 % и Капитални производи за 1.0 %.

Индексот на прометот во индустријата на странските пазари, во јуни 2023 година, во однос на мај 2023 година, изнесува 90.3, додека во периодот јануари − јуни 2023 година, во однос на периодот јануари − јуни 2022 година, изнесува 105.9.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика