Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата, вкупно, во мај 2023 година, во однос на мај 2022 година, изнесува 108.0.
Според главните индустриски групи, вкупниот промет во индустријата во мај 2023 година, во однос на мај 2022 година, бележи пораст кај Капитални производи за 22.0 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 17.1 %, додека опаѓање бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 13.0 % и Tрајни производи за широка потрошувачка за 2.0 %.
Индексот на прометот во индустријата, вкупно, во мај 2023 година, во однос на април 2023 година, изнесува 120.6, додека во периодот јануари − мај 2023 година, во однос на периодот јануари − мај 2022 година, изнесува 106.0.
Индексот на прометот во индустријата на домашниот пазар, во мај 2023 година, во однос на мај 2022 година, изнесува 102.8.
Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на домашниот пазар во мај 2023 година, во однос на мај 2022 година, бележи пораст кај Капитални производи за 8.3 %, Tрајни производи за широка потрошувачка за 8.9 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 8.0 %, додека опаѓање бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 4.1 %.
Индексот на прометот во индустријата на домашниот пазар, во мај 2023 година, во однос на април 2023 година, изнесува 111.8, додека во периодот јануари − мај 2023 година, во однос на периодот јануари − мај 2022 година, изнесува 101.4.
Индексот на прометот во индустријата на странските пазари, во мај 2023 година, во однос на мај 2022 година, изнесува 109.9.
Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на странските пазари во мај 2023 година, во однос на мај 2022 година, бележи пораст кај Капитални производи за 22.8 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 23.1 %, додека опаѓање бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 16.4 % и Tрајни производи за широка потрошувачка за 2.0 %.
Индексот на прометот во индустријата на странските пазари, во мај 2023 година, во однос на април 2023 година, изнесува 123.7, додека во периодот јануари − мај 2023 година, во однос на периодот јануари − мај 2022 година, изнесува 107.4.