Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата, вкупно, во април 2023
година, во однос на април 2022 година, изнесува 97.8.
Според главните индустриски групи, вкупниот промет во индустријата во април 2023 година, во однос на април
2022 година, бележи пораст кај Капитални производи за 12.7 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за
14.8 %, додека опаѓање бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 27.2 % и Tрајни производи за
широка потрошувачка за 13.9 %.
Индексот на прометот во индустријата, вкупно, во април 2023 година, во однос на март 2023 година, изнесува 84.9,
додека во периодот јануари – април 2023 година, во однос на периодот јануари – април 2022 година, изнесува 105.5.
Индексот на прометот во индустријата на домашниот пазар, во април 2023 година, во однос на април 2022 година,
изнесува 90.5.
Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на домашниот пазар во април 2023 година, во однос на
април 2022 година, бележи пораст кај Капитални производи за 11.9 %, додека опаѓање бележи кај Интермедијарни
производи, освен енергија за 21.0 %, Tрајни производи за широка потрошувачка за 8.4 % и Нетрајни производи за
широка потрошувачка за 1.3 %.
Индексот на прометот во индустријата на домашниот пазар, во април 2023 година, во однос на март 2023 година,
изнесува 88.5, додека во периодот јануари – април 2023 година, во однос на периодот јануари – април 2022 година,
изнесува 100.9.
Индексот на прометот во индустријата на странските пазари, во април 2023 година, во однос на април 2022 година,
изнесува 99.9.
Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на странските пазари во април 2023 година, во
однос на април 2022 година, бележи пораст кај Капитални производи за 12.9 % и Нетрајни производи за широка
потрошувачка за 26.6 %, додека опаѓање бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 30.2 % и Tрајни
производи за широка потрошувачка за 12.7 %.
Индексот на прометот во индустријата на странските пазари, во април 2023 година, во однос на март 2023 година,
изнесува 83.8, додека во периодот јануари – април 2023 година, во однос на периодот јануари – април 2022 година,
изнесува 106.7.