Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата, вкупно, во март 2023 година, во однос на март 2022 година, изнесува 107.9.
Според главните индустриски групи, вкупниот промет во индустријата во март 2023 година, во однос на март 2022 година, бележи пораст кај Капитални производи за 30.5 %, Tрајни производи за широка потрошувачка за 5.8 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 15.3 %, додека опаѓање бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 18.7 %.
Индексот на прометот во индустријата, вкупно, во март 2023 година, во однос на февруари 2023 година, изнесува 110.9, додека во периодот јануари – март 2023 година, во однос на периодот јануари – март 2022 година, изнесува 108.1.
Индексот на прометот во индустријата на домашниот пазар, во март 2023 година, во однос на март 2022 година, изнесува 100.6.
Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на домашниот пазар во март 2023 година, во однос на март 2022 година, бележи пораст кај Капитални производи за 14.2 %, Tрајни производи за широка потрошувачка за 2.1 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 10.7 %, додека опаѓање бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 10.4 %.
Индексот на прометот во индустријата на домашниот пазар, во март 2023 година, во однос на февруари 2023 година, изнесува 120.3, додека во периодот јануари – март 2023 година, во однос на периодот јануари – март 2022 година, изнесува 105.2.
Индексот на прометот во индустријата на странските пазари, во март 2023 година, во однос на март 2022 година, изнесува 110.3.
Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на странските пазари во март 2023 година, во однос на март 2022 година, бележи пораст кај Капитални производи за 31.2 %, Tрајни производи за широка потрошувачка за 5.7 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 18.1 %, додека опаѓање бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 22.6 %.
Индексот на прометот во индустријата на странските пазари, во март 2023 година, во однос на февруари 2023 година, изнесува 108.8, додека во периодот јануари – март 2023 година, во однос на периодот јануари – март 2022 година, изнесува 108.9.