Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата, вкупно, во февруари 2023 година, во однос на февруари 2022 година, изнесува 109.3.
Според главните индустриски групи, вкупниот промет во индустријата во февруари 2023 година, во однос на февруари 2022 година, бележи пораст кај Капитални производи за 21.3 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 17.8 %, додека опаѓање бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 9.9 % и Tрајни производи за широка потрошувачка за 2.2 %.
Индексот на прометот во индустријата, вкупно, во февруари 2023 година, во однос на јануари 2023 година, изнесува 107.1, додека во периодот јануари – февруари 2023 година, во однос на периодот јануари – февруари 2022 година, изнесува 108.2.
Индексот на прометот во индустријата на домашниот пазар, во февруари 2023 година, во однос на февруари 2022 година, изнесува 108.5.
Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на домашниот пазар во февруари 2023 година, во однос на февруари 2022 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 0.6 %, Капитални производи за 49.0 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 14.4 %, додека опаѓање бележи кај Tрајни производи за широка потрошувачка за 3.9 %.
Индексот на прометот во индустријата на домашниот пазар, во февруари 2023 година, во однос на јануари 2022 година, изнесува 120.8, додека во периодот јануари – февруари 2023 година, во однос на периодот јануари – февруари 2022 година, изнесува 108.5.
Индексот на прометот во индустријата на странските пазари, во февруари 2023 година, во однос на февруари 2022 година, изнесува 109.7.
Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на странските пазари во февруари 2023 година, во однос на февруари 2022 година, бележи пораст кај Капитални производи за 21.5 %, Tрајни производи за широка потрошувачка за 5.7 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 17.1 %, додека опаѓање бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 13.6 %.
Индексот на прометот во индустријата на странските пазари, во февруари 2023 година, во однос на јануари 2022 година, изнесува 104.2, додека во периодот јануари – февруари 2023 година, во однос на периодот јануари – февруари 2022 година, изнесува 108.2.