Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата, вкупно, во јануари 2023 година, во однос на јануари 2022 година, изнесува 106.9.
Според главните индустриски групи, вкупниот промет во индустријата во јануари 2023 година, во однос на јануари 2022 година, бележи пораст кај Капитални производи за 13.8 %, Tрајни производи за широка потрошувачка за 2.9 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 23.9 %, додека опаѓање бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 13.6 %.
Индексот на прометот во индустријата, вкупно, во јануари 2023 година, во однос на декември 2022 година, изнесува 109.1.
Индексот на прометот во индустријата на домашниот пазар, во јануари 2023 година, во однос на јануари 2022 година, изнесува 108.3.
Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на домашниот пазар во јануари 2023 година, во однос на јануари 2022 година, бележи пораст кај Tрајни производи за широка потрошувачка за 17.5 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 16.7 %, додека опаѓање бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 1.7 % и Капитални производи за 14.4 %.
Индексот на прометот во индустријата на домашниот пазар, во јануари 2023 година, во однос на декември 2022 година, изнесува 64.4.
Индексот на прометот во индустријата на странските пазари, во јануари 2023 година, во однос на јануари 2022 година, изнесува 106.6.
Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на странските пазари во јануари 2023 година, во однос на јануари 2022 година, бележи пораст кај Капитални производи за 14.1 %, Tрајни производи за широка потрошувачка за 7.2 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 26.8 %, додека опаѓање бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 17.2 %.
Индексот на прометот во индустријата на странските пазари, во јануари 2023 година, во однос на декември 2022 година, изнесува 127.6.