Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Индустрија


Индекси на прометот во индустријата, декември 2022 година

среда, 15 февруари 2023


 Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата, вкупно, во декември 2022 година, во однос на декември 2021 година, изнесува 103.9.

Според главните индустриски групи, вкупниот промет во индустријата во декември 2022 година, во однос на декември 2021 година, бележи пораст кај Капитални производи за 5.7 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 17.2 %, додека опаѓање бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 7.7 % и Tрајни производи за широка потрошувачка за 7.1 %.

Индексот на прометот во индустријата, вкупно, во декември 2022 година, во однос на ноември 2022 година, изнесува 80.9, додека во периодот јануари – декември 2022 година, во однос на периодот јануари – декември 2021 година, изнесува 113.5.

Индексот на прометот во индустријата на домашниот пазар, во декември 2022 година, во однос на декември 2021 година, изнесува 107.9.

Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на домашниот пазар во декември 2022 година, во однос на декември 2021 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 1.4 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 16.2 %, додека опаѓање бележи кај Капитални производи за 9.2 % и Tрајни производи за широка потрошувачка за 1.5 %.

Индексот на прометот во индустријата на домашниот пазар, во декември 2022 година, во однос на ноември 2022 година, изнесува 111.8, додека во периодот јануари – декември 2022 година, во однос на периодот јануари – декември 2021 година, изнесува 110.2.

Индексот на прометот во индустријата на странските пазари, во декември 2022 година, во однос на декември 2021 година, изнесува 101.0.

Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на странските пазари во декември 2022 година, во однос на декември 2021 година, бележи пораст кај Капитални производи за 5.6 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 15.6 %, додека опаѓање бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 12.9 % и Tрајни производи за широка потрошувачка за 19.8 %.

Индексот на прометот во индустријата на странските пазари, во декември 2022 година, во однос на ноември 2022 година, изнесува 72.5, додека во периодот јануари – декември 2022 година, во однос на периодот јануари – декември 2021 година, изнесува 114.2.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика