Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата, вкупно, во ноември 2022 година, во однос на ноември 2021 година, изнесува 107.0.
Според главните индустриски групи, вкупниот промет во индустријата во ноември 2022 година, во однос на ноември 2021 година, бележи пораст кај Капитални производи за 26.2 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 9.4 %, додека опаѓање бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 14.0 % и Tрајни производи за широка потрошувачка за 15.1 %.
Индексот на прометот во индустријата, вкупно, во ноември 2022 година, во однос на октомври 2022 година, изнесува 111.2, додека во периодот јануари – ноември 2022 година, во однос на периодот јануари – ноември 2021 година, изнесува 114.4.
Индексот на прометот во индустријата на домашниот пазар, во ноември 2022 година, во однос на ноември 2021 година, изнесува 102.3.
Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на домашниот пазар во ноември 2022 година, во однос на ноември 2021 година, бележи пораст кај Нетрајни производи за широка потрошувачка за 7.5 %, додека опаѓање бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 0.5 %, Капитални производи за 11.4 % и Tрајни производи за широка потрошувачка за 5.4 %.
Индексот на прометот во индустријата на домашниот пазар, во ноември 2022 година, во однос на октомври 2022 година, изнесува 104.3, додека во периодот јануари – ноември 2022 година, во однос на периодот јануари – ноември 2021 година, изнесува 110.4.
Индексот на прометот во индустријата на странските пазари, во ноември 2022 година, во однос на ноември 2021 година, изнесува 108.4.
Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на странските пазари во ноември 2022 година, во однос на ноември 2021 година, бележи пораст кај Капитални производи за 26.9 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 8.6 %, додека опаѓање бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 18.9 % и Tрајни производи за широка потрошувачка за 24.6 %.
Индексот на прометот во индустријата на странските пазари, во ноември 2022 година, во однос на октомври 2022 година, изнесува 113.4, додека во периодот јануари – ноември 2022 година, во однос на периодот јануари – ноември 2021 година, изнесува 115.3.