Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Индустрија


Индекси на прометот во индустријата, октомври 2022 година

четврток, 15 декември 2022


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата, вкупно, во октомври 2022 година, во однос на октомври 2021 година, изнесува 105.9.

Според главните индустриски групи, вкупниот промет во индустријата во октомври 2022 година, во однос на октомври 2021 година, бележи пораст кај Капитални производи за 24.1 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 8.2 %, додека опаѓање бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 12.4 % и Tрајни производи за широка потрошувачка за 14.2 %.

Индексот на прометот во индустријата, вкупно, во октомври 2022 година, во однос на септември 2022 година, изнесува 90.7, додека во периодот јануари – октомври 2022 година, во однос на периодот јануари – октомври 2021 година, изнесува 115.3.

Индексот на прометот во индустријата на домашниот пазар, во октомври 2022 година, во однос на октомври 2021 година, изнесува 102.9.

Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на домашниот пазар во октомври 2022 година, во однос на октомври 2021 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 2.0 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 6.2 %, додека опаѓање бележи кај Капитални производи за 18.8 % и Tрајни производи за широка потрошувачка за 2.9 %.

Индексот на прометот во индустријата на домашниот пазар, во октомври 2022 година, во однос на септември 2022 година, изнесува 89.7, додека во периодот јануари – октомври 2022 година, во однос на периодот јануари – октомври 2021 година, изнесува 111.4.

Индексот на прометот во индустријата на странските пазари, во октомври 2022 година, во однос на октомври 2021 година, изнесува 106.5.

Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на странските пазари во октомври 2022 година, во однос на октомври 2021 година, бележи пораст кај Капитални производи за 24.6 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 8.5 %, додека опаѓање бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 18.7 % и Tрајни производи за широка потрошувачка за 30.2 %.

Индексот на прометот во индустријата на странските пазари, во октомври 2022 година, во однос на септември 2022 година, изнесува 90.8, додека во периодот јануари – октомври 2022 година, во однос на периодот јануари – октомври 2021 година, изнесува 116.1.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика