Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата, вкупно, во септември 2022 година, во однос на септември 2021 година, изнесува 115.4.
Според главните индустриски групи, вкупниот промет во индустријата во септември 2022 година, во однос на септември 2021 година, бележи пораст кај Капитални производи за 39.9 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 11.6 %, додека опаѓање бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 4.2 % и Tрајни производи за широка потрошувачка за 5.0 %.
Индексот на прометот во индустријата, вкупно, во септември 2022 година, во однос на август 2022 година, изнесува 112.0, додека во периодот јануари – септември 2022 година, во однос на периодот јануари – септември 2021 година, изнесува 116.4.
Индексот на прометот во индустријата на домашниот пазар, во септември 2022 година, во однос на септември 2021 година, изнесува 110.0.
Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на домашниот пазар во септември 2022 година, во однос на септември 2021 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 7.3 %, Tрајни производи за широка потрошувачка за 1.5 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 16.3 %, додека опаѓање бележи кај Капитални производи за 15.0 %.
Индексот на прометот во индустријата на домашниот пазар, во септември 2022 година, во однос на август 2022 година, изнесува 104.1, додека во периодот јануари – септември 2022 година, во однос на периодот јануари – септември 2021 година, изнесува 112.4.
Индексот на прометот во индустријата на странските пазари, во септември 2022 година, во однос на септември 2021 година, изнесува 116.7.
Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на странските пазари во септември 2022 година, во однос на септември 2021 година, бележи пораст кај Капитални производи за 40.9 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 7.1 %, додека опаѓање бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 9.8 % и Tрајни производи за широка потрошувачка за 12.2 %.
Индексот на прометот во индустријата на странските пазари, во септември 2022 година, во однос на август 2022 година, изнесува 113.7, додека во периодот јануари – септември 2022 година, во однос на периодот јануари – септември 2021 година, изнесува 117.2.