Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата, вкупно, во јуни 2022
година, во однос на јуни 2021 година, изнесува 119.2.
Според главните индустриски групи, вкупниот промет во индустријата во јуни 2022 година, во однос на јуни 2021
година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 13.3 %, Капитални производи за 26.6 %,
Tрајни производи за широка потрошувачка за 2.9 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 17.0 %.
Индексот на прометот во индустријата, вкупно, во јуни 2022 година, во однос на мај 2022 година, изнесува 100.8,
додека во периодот јануари-јуни 2022 година, во однос на периодот јануари-јуни 2021 година, изнесува 117.5.
Индексот на прометот во индустријата на домашниот пазар, во јуни 2022 година, во однос на јуни 2021 година,
изнесува 109.0.
Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на домашниот пазар во јуни 2022 година, во однос
на јуни 2021 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 14.3 %, Tрајни производи за
широка потрошувачка за 4.8 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 6.8 %, додека опаѓање бележи кај
Капитални производи за 8.5 %.
Индексот на прометот во индустријата на домашниот пазар, во јуни 2022 година, во однос на мај 2022 година, изнесува
104.5, додека во периодот јануари-јуни 2022 година, во однос на периодот јануари-јуни 2021 година, изнесува 115.0.
Индексот на прометотво индустријата на странските пазари, во јуни 2022 година, во однос на јуни 2021 година,
изнесува 122.0.
Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на странските пазари во јуни 2022 година, во однос на
јуни 2021 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 13.4 %, Капитални производи за
26.7 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 25.6 %, додека опаѓање бележи кај Tрајни производи за
широка потрошувачка за 9.0 %.
Индексот на прометот во индустријата на странските пазари, во јуни 2022 година, во однос на мај 2022 година, изнесува
100.1, додека во периодот јануари-јуни 2022 година, во однос на периодот јануари-јуни 2021 година, изнесува 117.8.