Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Индустрија


Индекси на прометот во индустријата, мај 2022 година

петок, 15 јули 2022


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата, вкупно, во мај 2022
година во однос на мај 2021 година, изнесува 121.5.
Според главните индустриски групи, вкупниот промет во индустријата во мај 2022 година, во однос на мај 2021
година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 22.8 %, Капитални производи за 19.3 %,
Tрајни производи за широка потрошувачка за 30.7 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 22.8 %.
Индексот на прометот во индустријата, вкупно, во мај 2022 година, во однос на април 2022 година, изнесува 109.3,
додека во периодот јануари – мај 2022 година, во однос на периодот јануари – мај 2021 година, изнесува 117.1.
Индексот на прометот во индустријата на домашниот пазар, во мај 2022 година, во однос на мај 2021 година, изнесува
119.5.
Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на домашниот пазар во мај 2022 година, во однос на
мај 2021 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 21.8 %, Капитални производи
за 12.4 %, Tрајни производи за широка потрошувачка за 9.1 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за
19.1 %.
Индексот на прометот во индустријата на домашниот пазар, во мај 2022 година, во однос на април 2022 година,
изнесува 98.4, додека во периодот јануари – мај 2022 година, во однос на периодот јануари – мај 2021 година,
изнесува 116.4.
Индексот на прометот во индустријата на странските пазари, во мај 2022 година, во однос на мај 2021 година,
изнесува 121.7.
Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на странските пазари во мај 2022 година, во однос на
мај 2021 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 22.7 %, Капитални производи
за 18.8 %, Tрајни производи за широка потрошувачка за 49.1 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за
27.8 %.
Индексот на прометот во индустријата на странските пазари, во мај 2022 година, во однос на април 2022 година,
изнесува 112.4, додека во периодот јануари – мај 2022 година, во однос на периодот јануари – мај 2021 година,
изнесува 116.9.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика