Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата, вкупно, во февруари 2022 година, во однос на февруари 2021 година, изнесува 117.0.
Според главните индустриски групи, вкупниот промет во индустријата во февруари 2022 година, во однос на февруари 2021 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 35.3 %, Капитални производи за 9.5 %, Tрајни производи за широка потрошувачка за 15.5 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 8.3 %.
Индексот на прометот во индустријата, вкупно, во февруари 2022 година, во однос на јануари 2022 година, изнесува 104.8, додека во периодот јануари – февруари 2022 година, во однос на периодот јануари – февруари 2021 година, изнесува 116.5.
Индексот на прометот во индустријата на домашниот пазар, во февруари 2022 година, во однос на февруари 2021 година, изнесува 115.5.
Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на домашниот пазар во февруари 2022 година, во однос на февруари 2021 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 34.4 %, Tрајни производи за широка потрошувачка за 8.5 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 4.9 %, додека опаѓање бележи кај Капитални производи за 11.7 %.
Индексот на прометот во индустријата на домашниот пазар, во февруари 2022 година, во однос на јануари 2022 година, изнесува 120.5, додека во периодот јануари – февруари 2022 година, во однос на периодот јануари – февруари 2021 година, изнесува 112.8.
Индексот на прометот во индустријата на странските пазари, во февруари 2022 година, во однос на февруари 2021 година, изнесува 116.8.
Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на странските пазари во февруари 2022 година, во однос на февруари 2021 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 36.3 %, Капитални производи за 9.5 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 11.6 %, додека опаѓање бележи кај Tрајни производи за широка потрошувачка за 2.1 %.
Индексот на прометот во индустријата на странските пазари, во февруари 2022 година, во однос на јануари 2022 година, изнесува 101.2, додека во периодот јануари – февруари 2022 година, во однос на периодот јануари – февруари 2021 година, изнесува 117.0.