Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Индустрија


Индекси на прометот во индустријата, јануари 2022 година

петок, 11 март 2022


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата, вкупно, во јануари 2022 година, во однос на јануари 2021 година, изнесува 115.9.

Според главните индустриски групи, вкупниот промет во индустријата во јануари 2022 година, во однос на јануари 2021 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 27.1 %, Капитални производи за 13.7 %, Tрајни производи за широка потрошувачка за 22.0 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за

5.6 %.

Индексот на прометот во индустријата, вкупно, во јануари 2022 година, во однос на декември 2021 година, изнесува 105.1.

Индексот на прометот во индустријата на домашниот пазар, во јануари 2022 година, во однос на јануари 2021 година, изнесува 109.6.

Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на домашниот пазар во јануари 2022 година, во однос на јануари 2021 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 27.6 %, Tрајни производи за широка потрошувачка за 8.9 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 4.2 %, додека опаѓање бележи кај Капитални производи за 44.2 %. 

Индексот на прометот во индустријата на домашниот пазар, во јануари 2022 година, во однос на декември 2021 година, изнесува 61.9.

Индексот на прометот во индустријата на странските пазари, во јануари 2022 година, во однос на јануари 2021 година, изнесува 117.3.

Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на странските пазари во јануари 2022 година, во однос на јануари 2021 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 28.4 %, Капитални производи за 14.6 %, Tрајни производи за широка потрошувачка за 11.6 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 7.8 %.

Индексот на прометот во индустријата на странските пазари, во јануари 2022 година, во однос на декември 2021 година, изнесува 120.9.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика