Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата, вкупно, во декември 2021 година, во однос на декември 2020 година, изнесува 112.1.
Според главните индустриски групи, вкупниот промет во индустријата во декември 2021 година, во однос на декември 2020 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 22.8 %, Капитални производи за 5.8 %, Tрајни производи за широка потрошувачка за 20.2 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 7.5 %.
Индексот на прометот во индустријата, вкупно, во декември 2021 година, во однос на ноември 2021 година, изнесува 83.4, додека во периодот јануари – декември 2021 година, во однос на периодот јануари – декември 2020 година, изнесува 116.4.
Индексот на прометот во индустријата на домашниот пазар, во декември 2021 година, во однос на декември 2020 година, изнесува 112.8.
Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на домашниот пазар во декември 2021 година, во однос на декември 2020 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 17.1 %, Капитални производи за 19.0 %, Tрајни производи за широка потрошувачка за 2.9 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 10.1 %.
Индексот на прометот во индустријата на домашниот пазар, во декември 2021 година, во однос на ноември 2021 година, изнесува 106.0, додека во периодот јануари – декември 2021 година, во однос на периодот јануари – декември 2020 година, изнесува 108.6.
Индексот на прометот во индустријата на странските пазари, во декември 2021 година, во однос на декември 2020 година, изнесува 111.8.
Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на странските пазари во декември 2021 година, во однос на декември 2020 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 26.1 %, Капитални производи за 5.2 %, Tрајни производи за широка потрошувачка за 28.9 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 6.0 %.
Индексот на прометот во индустријата на странските пазари, во декември 2021 година, во однос на ноември 2021 година, изнесува 77.8, додека во периодот јануари – декември 2021 година, во однос на периодот јануари – декември 2020 година, изнесува 117.8.