Соопштението е од областа:
Индустрија
Индекси на прометот во индустријата, ноември 2021 година
петок, 14 јануари 2022
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата, вкупно, во ноември
2021 година, во однос на ноември 2020 година, изнесува 118.5.
Според главните индустриски групи, вкупниот промет во индустријата во ноември 2021 година, во однос на ноември
2020 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 38.5 %, Капитални производи за 3.8%,
Tрајни производи за широка потрошувачка за 50.9 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 17.7%.
Индексот на прометот во индустријата, вкупно, во ноември 2021 година, во однос на октомври 2021 година, изнесува
110.0, додека во периодот јануари-ноември 2021 година, во однос на периодот јануари-ноември 2020 година,
изнесува 116.8.
Индексот на прометот во индустријата на домашниот пазар во ноември 2021 година, во однос на ноември 2020
година, изнесува 121.8.
Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на домашниот пазар во ноември 2021 година, во
однос на ноември 2020 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 26.7 %, Капитални
производи за 17.6 %, Tрајни производи за широка потрошувачка за 45.1 % и Нетрајни производи за широка
потрошувачка за 15.6 %.
Индексот на прометот во индустријата на домашниот пазар во ноември 2021 година, во однос на октомври 2021
година, изнесува 104.9, додека во периодот јануари-ноември 2021 година, во однос на периодот јануари-ноември
2020 година, изнесува 108.2.
Индексот на прометот во индустријата на странските пазари во ноември 2021 година, во однос на ноември 2020
година, изнесува 116.7.
Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на странските пазари во ноември 2021 година, во
однос на ноември 2020 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 42.3 %, Капитални
производи за 3.4 %, Tрајни производи за широка потрошувачка за 46.8 % и Нетрајни производи за широка
потрошувачка за 19.5 %.
Индексот на прометот во индустријата на странските пазари во ноември 2021 година, во однос на октомври 2021
година, изнесува 111.4, додека во периодот јануари-ноември 2021 година, во однос на периодот јануари-ноември
2020 година, изнесува 118.3.
Преземи го соопштението во целост
Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.
За подетални информации јавете на:
контакт тел:
+389 2 3295 666
е-пошта:
press@stat.gov.mk
|